Велика Британија бележи повеќе од 10.000 новоинфицирани три дена по ред

од Vladimir Zorba

Трет ден по ред, Велика Британија регистрира повеќе од 10.000 случаи на инфекција со коронавирус, пренесе Анадолија.

Експертите предупредуваат дека влегле во третиот бран на пандемија на вирусот.

Велика Британија во саботата потврди 10.321 нов случај на КОВИД-19, со што вкупниот број случаи е над 4,6 милиони. Исто така, имало 14 смртни случаи од коронавирус, вкупно 127.970.

Повеќе од 42,6 милиони Британци ја примија првата доза на вакцината КОВИД-19, додека повеќе од 31 милиони беа целосно вакцинирани.

Брзото зголемување на случаите, и покрај формирањето на точки за брза вакцинација, беше предизвикано од варијантата Делта, која за прв пат беше идентификувана во Индија, а сега веќе е доминантна во Велика Британија.

Професорот Адам Фин од владиниот Мешовит комитет за вакцинација и имунизација (ЈЦВИ) рече дека третиот бран е во тек.

„Можеме да заклучиме дека започна трка измеѓу вакцинацијата, особено кога станува збор за имунизација на стари лица и третиот бран на варијантата Делта“, рече Фин.

Според него, колку побрзо заврши имунизацијата на старите лица, толку помалку хоспитализација ќе има.

Секој над 18-годишна возраст може да се вакцинира, а фудбалските игралишта и парковите се меѓу локациите што се користат на национално ниво како центри за вакцинација.

Слични содржини