Велика Британија дозволи концерти и фестивали на отворено

од Stefanija Kuzmanovska

По подготвувањето на пакетот мерки за помош за музичката индустрија и секторот за настани од дури 1,57 милијарди фунти минатата недела, владата на Велика Британија донесе одлука со која повторно се дозволува одржување на концерти, фестивали и театарски претстави на отворено од сабота, 11 јули, пренесува „Нова.рс“.

Настаните треба да следат сет на пропишани препораки и мерки за заштита со намален број посетители и препорака за одржување на физичка дистанца.

Покрај отворените, кои беа оценети како неспоредливо побезбедни, британската влада препорача да се одржат помал број на настани во затворен простор со цел да се тестираат начините на кои објектите од овој тип ќе можат да продолжат да работат од есен.

Капацитетот на овие настани ќе се намали и организаторите се должни да издаваат билети во електронска форма за да водат евиденција за посетителите во случај да има потреба од нивно тестирање и мониторинг.

Слични содржини