Велика Британија ги укинува ковид-сертификатите и обврската за носење маска

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека во Британија се укинуваат ковид-сертфикатите за работните места по фирмите, обврската за носење маски и работата од дома.

Сите ограничувања предвидени со т.н. план Б, вклучително и носењето маски, престанува во Англија на 26 јануари, а задолжителната самоизолација за луѓето со Ковид-19 на 24 март.

Борис Џонсон најави крај на сите мерки за воведени за борба против сојот омикрон од следната недела, вклучително и задолжително носење маски во јавниот превоз и продавниците, работата од дома и вакциналните сертификати.

„Од утре повеќе нема да бараме маски во училниците, а Министерството за образование наскоро ќе ги укине националните упатства за нивна употреба во заедничките простории“, рече тој.

„Низ целата земја, ќе продолжиме да предлагаме употреба на маски за лице во затворени простории или во преполни простори, особено кога ќе стапите во контакт со луѓе што вообичаено не ги среќавате, но ќе ѝ веруваме на проценката на Британците и повеќе нема да го криминализираме секој што ќе избере да не ги носи“.

Брзата промена на стратегијата беше протолкувана како обид на Џонсон да ги смири конзервативните пратеници кои бараат одговорност за извештаите за партиите кои го прекршиле карантинот организирајќи забави, пренесува Гардијан.

Од друга страна, некои службеници од јавното здравство се загрижени дека укинувањето на сите ограничувања во овој момент би можело да биде прерано, особено на северот на Англија, каде се уште има многу заразени.

Слични содржини