Велика Британија гради национален брод вреден 232 милиони евра

од Nikola Popovski

Новиот национален брод, наследник на Кралската јахта „Британија“, ќе ја промовира британската трговија и индустрија низ целиот свет, рече премиерот Борис Џонсон, најавувајќи изградба на брод вреден 232 милиони евра.

Бродот би се користел како место за одржување на саеми, министерски средби и дипломатски средби во време кога Велика Британија се обидува да изгради врски и да го зајакне извозот по Брегзит и ќе биде првиот национален брод по луксузната јахта „Британија“, повлечена во 1997 година .

Името на бродот сè уште не е објавено, но Џонсон се соочува со притисок од поборниците на бродот и ториевците да го именуваат по војводата од Единбург, принцот Филип, кој учествувал во дизајнирањето на „Британија“, пренесува Ројтерс.

Изградбата ќе започне во 2022 година

Владата планира да го изгради бродот во Велика Британија, а цената ќе биде околу двесте милиони фунти (232 милиони евра).

Џонсон рече дека новиот национален брод ќе биде „првиот брод од ваков вид во светот што ќе го покаже благосостојбата на Велика Британија како голема, независна поморска трговска држава“.

По тендерот и конкуренцијата, неговата изградба ќе започне најрано во 2022 година и ќе влезе во поморската служба во следните четири години.

Со бродот ќе управува Кралската морнарица и се очекува да биде во функција во наредните 30 години.

Слични содржини