Велика Британија ќе им забрани влез на осомничените за убиството на Кашоги

од desk2

Властите нема да дозволи влез во Велика Британија на осомничените за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј.


– Министерот за внатрешни работи презема активности да ги спречи сите осомничени да влезат во Обединетото Кралство, а ако тие лица имаат визи, истите ќе бидат анулирани денеска, наведе Меј.

Таа додаде дека очекува во текот на денот да разговара со саудискиот крал Салман.

Во меѓувреме, портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт истакна дека германската Влада ги разгледува можностите како да постапи со веќе одобрениот, но се уште нереализиран извоз на оружје за Саудиска Арабија.

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот се закани дека ќе ги стопира сите достави на германско оружје за Саудиска Арабија, ако не се разјасни убиството на Кашоги.

Слични содржини