Велика Британија ќе ја поддржи Полска доколку одлучи да испрати авиони во Украина

од Milan1

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, денеска изјави дека Британија ќе ја поддржи Полска доколку одлучи да даде борбени воени авиони за украинската одбрана, но притоа укажа и на можните директни последици од таква одлука на Варшава.

„Би ги поддржал Пољаците како и да одлучат“, изјави Волас за британските медиуми додавајќи дека Велика Британија не може да понуди борбeни авиони што би биле од полза на украинските пилоти чија обука се базира на техника од советско, домашно и руско производство.

„Ние би ја заштитиле Полска, ќе им помогнеме со што им е потребно. Полска знае дека изборот не значи само помош за Украина, туку може да ја доведе во директна конфронтација со Русија или Белорусија“, изјави британскиот министер за одбрана.

Слични содржини