Велика Британија ќе обезбеди 356 милиони евра воена помош за Украина

од Vladimir Zorba

Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди 356 милиони евра дополнителна воена помош за Украина, покрај сегашната помош во вредност од околу 237 милиони евра.

Кабинетот на премиерот Борис Џонсон во понеделникот вечерта објави дека Лондон, меѓу другото, на Украина ќе и понуди уреди за ноќно набљудување, алатки за попречување на сателитската навигација, беспилотни летала за снабдување на украинските војници и оклопни возила за цивилните службеници, пренесe Ројтерс.

Од почетокот на руската воена операција во Украина, Британија испрати повеќе од 5.000 противтенковски ракети и пет системи за противвоздушна одбрана, како и друга муниција и експлозиви.

Слични содржини