Велика Британија: Над 1.000 нови случаи на коронавирус за првпат од јуни

од Vladimir Zorba

Бројот на нови случаи на коронавирус во Велика Британија денес надмина 1.000 за прв пат од крајот на јуни.

Според официјалните податоци, регистрирани се 1.062 нови случаи, што е најголем дневен скок кај новозаразените лица од јуни, пренесува Ројтерс.

Бројот на нови случаи е за 304 поголем од вчера.

Од почетокот на пандемијата, заразени се над 310.000 луѓе, а над 46.000 умреле.

Слични содржини