Велика Британија не издава дозволи за извоз на оружје во Турција

од desk3

Британската Влада соопшти дека планира да го суспендира издавањето дозволи за извоз на оружје во Турција поради загриженоста што ја предизвикува воената операција на Анкара во северна Сирија.

Британскиот министер за надворешни работи Доменик Раб во Долниот дом изјави дека Велика Британија ќе спроведе „многу внимателна и континуирана“ контрола на извозот во Турција.

Тој дополни дека официјален Лондон ја повикал Турција да покаже „максимална воздржаност и да ја запре својата унилатерална воена акција“.

– Ова не е акција која би очекувале од сојузник. Акцијата  е невнимателна, контрапродуктива и оди во прилог на Русија, односно на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави Раб. 

Слични содржини