Велика Британија: Планот на Путин за инвазија на Украина е веќе започнат

од Milan1

Британија имала увид во разузнавачките податоци кои сугерираат дека Русија планира да изврши инвазија на Украина, а планот на рускиот претседател Владимир Путин, всушност, веќе е започнат, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

„Разузнавачките податоци што ги видовме сугерираат дека Русија има намера да изврши инвазија и дека планот на претседателот Путин е веќе започнат“, изјави портпаролот на новинарите, пренесе Ројтерс.

„Гледаме веќе видени елементи на руското сценарио“, рече тој.

Слични содржини