Велика Британија: Повлечен лек за притисок поради хемикалија што предизвикува рак

од Берта Китинска

Британското Министерство за здравство денеска повлече десетици серии апчиња за крвен притисок, бидејќи беше утврдено дека тие содржат една од најексплозивните хемикалии во светот, што предизвикува рак.

На аптеките кои имаат на располагање неколку различни типови „ирбесартан“ и „лосартан“ им е кажано да ги повлечат откако беше откриено дека нечистотиите во нив предизвикуваат рак, објави британскиот весник „Дејли меил“. МХРА, кој ја надгледува безбедноста на лекови што се користат во Велика Британија, рече дека серијата содржи азидо-тетразол.

Владини претставници предупредија дека супстанцијата, за која некои сметаат дека е најексплозивната хемикалија во светот, може да го зголеми ризикот од рак.

МХРА посочи дека оваа мерка е преземена како превентивна мерка и дека нема докази дека досега настрадале пациентите.

МХРА ги повика Британците да не престануваат да земаат лекови без консултација со општ лекар, бидејќи ненадејниот прекин на земањето на лекот може да биде ризичен.

Откриле и дека некои лекови со нечистотии се продаваат на пазарот скоро две години.

Слични содржини