Велика Британија: Производителите на автономните автомобили ќе бидат одговорни за сообраќајните несреќи, а не возачите

од Vladimir Zorba

Производителите кои развиваат автономни автомобили во велика Британија ќе бидат одговорни за несреќи што се случуваат кога возилото е во автономен режим, наместо самите возачи, според новиот план предложен од тамошната влада.

Британската влада го претстави новиот план за време на викендот, најавувајќи 119 милиони долари финансирање за проекти за автономни возила и дополнителни 41 милион долари за истражување за поддршка на безбедноста и новите закони.

Планот вели дека новата легислатива ќе се заснова на постоечките закони и ќе ги направи производителите одговорни за активностите на самоуправувачките возила, „што значи дека човекот нема да биде одговорен за инциденти при автономно возење“, пренесува Tech Crunch.

Ова може да постави глобален преседан, каде одговорноста за несреќи со автономни возила сè уште може да биде малку сива зона.

Кога автономното тест возило Uber уби пешак во 2017 година, возачот беше обвинет за убиство од небрежност со опасен инструмент. Uber не се соочи со обвиненија. И по фаталната несреќа во 2019 година во која учествуваше возило на Tesla на автопилот, возачот, а не компанијата на Елон Маск, беше обвинет за две точки од обвинението за убиство од небрежност.

Додека земјата се подготвува да напише нови закони околу автономните возила, Британија отвори период на консултации за „безбедносната амбиција“ да ги направи автономните возила безбедни како зад воланот да има човек. Резултатите од консултациите ќе помогнат да се формираат стандарди за возење автономни возила на јавни патишта, како и потенцијални санкции доколку тие стандарди не се исполнат.

Слични содржини