Велика Британија се затвора следната недела!

од Vladimir Zorba

Борис Џонсон го најави националното затворање следната недела, по консултација со експерти.

Минатата недела беше откриено дека короната се шири побрзо отколку во најлошото предвидување. Информациите протекоа од кабинетот, што сугерира целосно затворање следната недела.

Не е јасно во каква форма ќе стапат на сила новите мерки или колку ќе траат.

Владата сега се соочува со критичен викенд што може да утврди колку ќе бидат сурови мерките. Од друга страна, постои страв од економските последици од овие мерки.

Научниците стравуваат дека суровите мерки веќе се задоцнети и ја повикуваат владата да воведе мерки слични на оние во Франција. Тие ќе траат околу еден месец.

Јасни се индикациите дека постојат длабоки поделби во владата околу овој проблем. Струјата што се спротивставува на „затворањето“ не е подготвена да се предаде.

Слични содржини