Велика Британија во рецесија за прв пат по 11 години

од Vladimir Zorba

Велика Британија потона во рецесија за прв пат по единаесет години. Економијата во Велика Британија претрпе најголем пад помеѓу април и јуни, откако мерките за запирање на коронавирусот и официјално ја турна земјата во рецесија.

Британската економија опадна за 20,4 проценти во однос на првите три месеци од годината, пренесува „Сибиз“.

Така, Велика Британија технички влезе во рецесија, дефинирана како два последователни квартали со економскиот пад.

Ова е првпат Британија да се најде во рецесија од 2009 година, односно за прв пат по единаесет години.

Официјални лица изјавија дека економијата започна да закрепнува во јуни, откако владините мерки наметнати против коронавирусот започнаа да се олеснуваат.

Слични содржини