Велика Британија започна со тестирање на ковид 19 на блокираните возачи на камиони

од Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија во средата започна со тестирање на ковид 19 на возачите на камиони за повторно воспоставување сообраќај меѓу островската земја и европскиот континент и ги повика возачите да ја избегнуваат јужна Англија поради густиот сообраќај.

„Тестирањето започна, ние се обидуваме да го воспоставиме сообраќајот меѓу Велика Британија и Франција“, рече министерот за транспорт Грант Шапс.

Тој, сепак, предупреди дека француската гранична полиција работи само врз основа на договорот утрово и дека застоите не се намалуваат.

„Ве молиме избегнувајте го Кент додека не се расчисти толпата. Доаѓањето во областа само ќе го продолжи вашето патување“, напиша министерот во пораката до возачите на Твитер.

Лондон и Париз постигнаа договор за преминување на границата со негативен тест на ковид-19, но на илјадници камиони ќе им бидат потребни „неколку дена“ за да го поминат Ла Манш од пристаништето Довер.

Возачите на камиони кои се негативни за ковид-19 ќе можат да се качат на траекти кон Калаис, откако голем број земји ги затворија своите граници за Британците од страв од мутираниот вирус САРС-КоВ-2.

Слични содржини