Велјаноски: Немање македонско малцинство во Бугарија повикувајќи се на Уставот е откажување од нив

од Берта Китинска

Митре Велјаноски за денешните случувања вели прогласот бил затоа што Македонија е таа што прави отстапки, а за возврат не добива ништо.

-Работите нема да тргнат бидејќи сме во подредена положба. Со Преспанскиот договор се отвори пандорината кутија, а ова е стратегија за затворање очи. Ние треба да докажеме дека не треба да одговориме на бетонирани бугарски прашња и дека нема да сме оштетени. Зошто сега се јавува вето? Пандорината кутија е токму тука да се стави еден член, дека договорот ќе стапи на сила кога ќе нема негирање на македонскиот нација. Бугарите видоа дека Грција може така па и сега и Бугарија. Немаме потреба за влез во ЕУ ако не се прифатат нашите корени. Бугарија нема да отстапи се додека ние сме подготвени на се само да влеземе во ЕУ, вели Велјаноски во Топ Тема.

Потоа додаде:

– Премиерот на Бугарија не поздравува со тоа дека нема македонско малцинство, а ние одговараме дека немаме ништо со тоа, повикувајќи се на Уставот, тоа е игра на зборови на министерот Маричиќ, а со тоа се откажуваме од нашето малцинство.

Слични содржини