Вељко Беливук во паника: ДНК на една од жртвите е пронајдена на стадионот на Партизан?

од Nikola Popovski

Во криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, владее паника. Тие биле сигурни дека нема да се обезбедат материјални докази против нив бидејќи тие темелно „исчистиле“ сè што останало позади нив, меѓутоа, како што дознава „Блиц“, на стадионот во Хумска е пронајдена ДНК трага на една од жртвите.

Кога Беливук и Миљковиќ дознале, започнале да испраќаат закани и предупредувачки пораки од затворот.

Како што дознава „Блиц“, Веља Невоља и Марко Месар биле буквално убедени дека нема да бидат затворени до пред неколку дена. Водачите на оваа брутална група сметаледека нема да се добијат докази и дека обвиненијата на крајот ќе бидат за киднапирања, за кои сметаа дека ќе паднат и затоа што немало материјални докази. Нивното мото е – „нема тело, нема дела“, па Беливук и Миљковиќ биле, грубо кажано, опуштени и сигурни дека излегоа.

Првично, по апсењето, тие вовеле ред во затворот, меѓутоа откако дознале дека Обвинителството добило многу докази против нив, внесувањата страв врз останати лица од страна на Беливук и Миjковиќ стивнале.

Откако дознале дека има заштитени сведоци, шокот следеше по ДНК пронајдената на една од жртвите на стадионот. Мобилниот телефон пронајден во во собата на Миљковиќ бил искористен за закани кон одредени членови на групата кои знаат што е сторено, но и на оние кои се на слобода. Според „Блиц“, Миљковиќ контактирал со неговото семејство и пријателите.

Полицијата и Обвинителството се „затворени“ за прецизни информации со какви докази располагаат, но факт е, како што велат познавачите на оваа истрага, дека е обезбеден доволно материјал за осуда, а со тоа и висока казна затвор.

Слични содржини