Велковски: 45 илјади луѓе се вработија во индустријата, горди сме и тоа ќе продолжи после 12 април

од Viktor Jovanov

Пред да се покачи минималната плата, во 2016 година платата во текстилната индустрија изнесуваше 9 илјади денари. Ние не се сложуваме со таа бројка бидејќи сметаме, двајца да работат во оваа индустрија тоа е 18 илјади денари. Едно семејство не може да живее со таа плата, вели пратеникот од СДСМ Диме Велковски.

-Горди сме што сега минималната плата е 14 илјади денари. Целиот Балкан, со закон сите имаат минимална плата, за жал ние имавме најмала. Врз основа на покачувањето се вработија голем број луѓе. Од кои поголем број во индустријата, а помал во администрацијата. Над 45 илјади луѓе се вработија во индустријата. БДП беше -1.8 отсто завршивме во 2019 со 3,9 раст на БДП. До 60 илјади денари секој стопанственик може да му ја покачи платата на вработениот и само треба да го плати персоналниот данок, останати трошоци се на државата, вели Велковски.

Тој додава дека според извештајот на ММФ во државата има добри економски реформи до сега и потребно е да се остане на тој пат, односно солиден раст и стабилност. Велковски вели дека во извештајот стои дека растот се очекува да порасне на 4,3 отсто во оваа година.

-Ова е корпус деликт дека не се подигнува платата вештачки, туку врз основа на економски параметри. На тоа се гордееме, и тој континуитет ќе продолжи после 12 април, вели Велковски.

Слични содржини