Вембли најблиску до домаќин на финалето во Лигата на шампионите, УЕФА бара клубовите да ѝ платат 22.500.000 евра на Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Откако се појавија првите информации дека финалето во Лигата на шампионите ќе се игра на Островот, Владата на Велика Британија прави апсолутно сè за тоа навистина да се случи. УЕФА првично стоеше цврсто зад идејата за организирање на финалето во Истанбул, но сега, под притисок на државните органи, се обидуа да се направи преседан и да се дозволи натпреварот за титулата европски шампион да се пресели на домашно тло.

Идејата да се игра финале на „Вила Парк“, што челниците на Астон Вила им ја предложија на луѓето од УЕФА и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), дефинитивно отпадна поради недостаток на основни услови за организирање на ваков настан, па затоа „Вембли“ се споменува како прва опција.

Британски „Сан“ наведува дека УЕФА е најблиску до одлуката да се дозволи „Вембли“ да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите, но со одредени гаранции. Причината поради која мислењето на УЕФА се смени е во одлуката на Велика Британија да ја стави Турција на „црвената листа“, што значи дека патниците за Истанбул ќе треба да поминат десетдневен карантин по враќањето во својата татковина.

Турција минува низ најтешката криза од почетокот на пандемијата, минатата недела забележа рекорден број на заразени и мртви, поради што државните органи за прв пат ја „заклучија“ земјата. И покрај тоа, од идејата стадионот „Ататурк“ во Истанбул да биде домаќин на финалето не се отстапуваше, при што околностите драстично се променија во последните неколку дена.

Покрај „Вембли“, се шпекулираше и за организација на последниот натпревар на новиот Вајт Харт Лејн и Сент Џејмс Парк, но УЕФА ги отфрли и двата предлога. Единствениот погоден стадион за ваков настан е „Вембли“. И, наводно, УЕФА е подготвена да одобри присуство на дури 22.500 гледачи доколку британските власти исполнат одредени услови и гарантираат, пред сè, почитување на сите пропишани мерки за борба против коронавирусот и спречување на понатамошно ширење на оваа чума.

Ништо сè уште не е дефинитивно, бидејќи прво Фудбалскиот сојуз и надлежните органи на Островот мора да дадат согласност, а потоа да ги надминат другите барања со цел Вембли по осум години повторно да биде домаќин на финалистите од елитното натпреварување. Последен пат тоа се случи во 2013 година, кога Баерн го совлада Дортмунд со 2:1 во германското финале.

Едно од главните барања на УЕФА е британските власти да гарантираат слободно доаѓање на сите новинари, медиумски куќи, носители на права и ВИП гости, без применување на епидемиолошките правила за карантин.

Доколку финалето навистина биде пренесено на „Вембли“, УЕФА наводно ќе побара од клубовите да се откажат од дел од заработката од учеството во Лигата на шампионите оваа година, со цел да соберат 22.500.000 евра за израмнување на трошоците што турските власти веќе ги одвоија за организирање настанот.

Конечната одлука ќе биде позната до крајот на следната недела.

Слични содржини