Венецуела бира претседател, Мадуро фаворит

од desk2

 

Во Венецуела денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува да победи актуелниот левичарски шеф на државата Николас Мадуро.

Критичарите на ови избори сметаат дека Мадуро практично ја обезбедил победата затоа што на двајцата најпопуларни противници им забрани да учествуваат, а изборната комисија е составена од провладини членови.

Како главен ривал на Мадуро остана поранешниот гувернер Хенри Фалкон, кој го прекина бојкотот на изборите, за разлика од одтанатите од опозицијата.

Агенцијата Ројтерс наведе дека САД, ЕУ и голем број земји на Латинска Америка ги критикуваат изборите во кои се очекува реизбор на левичарот Мадуро, на уште еден претседателски мандат од шест години.

Администрацијата на Трамп се закани со дополнителни санкции и побара од Латинска Америка да ги изостави венецуелските функционери од финансискиот систем и да им ги укинат патните визи.

Слични содржини