Венгер за финалистите во ЛШ: Сити е позрел

од Stefanija Kuzmanovska

Арсен Венгер, поранешен менаџер на Арсенал, смета дека претстојното финале во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челси ќе биде многу интересно.

Венгер, кој беше на кормилото на „топџиите“ од Лондон од 1996 до 2018 година, сепак гледа значителна разлика меѓу претендентите за пехарот на УЕФА.

Тој во анализата за beIN Sports рече дека Сити, според него, е „позрел тим“.

„Би рекол дека Сити изгледа позрело. Двете екипи се добри во транзиција и можат да играат на високо ниво, во силен ритам 90 минути. Видовме дека Реал, кога го бркаше резултатот во вториот дел од натпреварот, не најде начин да биде опасен, пред се поради дисциплината на англиските тимови, капацитетот да се остане фокусиран, а потоа да се придвижи напред и да се закани со брза промена на темпото. Видовме дека тоа беше случај со ПСЖ и Реал, две одлични екипи. Во таа смисла, Сити и Челси се на високо ниво“, вели Венгер.

Францускиот стручњак забележа и нешто друго.

„Мислам дека разликата помеѓу финалистите е можноста за гол. На Сити му требаат помалку шанси од Челси за гол. Тоа може да се промени, финалето е на 29 мај. До тој термин има повеќе од три недели, многу може се случи дотогаш“, заклучи Венгер.

И двата тима треба да одиграат уште четири натпревари во Премиер лигата, додека Челси исто така ќе игра во финалето на ФА купот на 15 мај со Лестер на „Вембли“.

Слични содржини