Верати поради повреда ја пропушта Аталанта, под знак прашалник дури и ПСЖ да оди понатаму

од Vladimir Zorba

Марко Верати нема да игра за Пари Сен Жермен поради повреда на натпреварот против Аталанта, кој е закажан за 12 август (среда) во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а под знак пташалник е и доколку ПСЖ оди понатаму.

Верати е вклучен во списокот на играчи кои ќе патуваат на завршницата на Лигата на шампионите во Португалија, но француските медиуми пренесуваат дека има малку шанси да игра таму.

Дури и ако ПСЖ стигне до финалето во Лигата на шампионите, не е сигурно дека италијанскиот играч од средниот ред ќе биде подготвен до тогаш. Финалето е закажано за 23 август.

Ова не е единствениот проблем на ПСЖ, бидејќи Килијан Мбапе и Лајвин Курзава се повредени. Се очекува Мбапе да биде во ростерот за дуелот против Аталанта, додека Курзава речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот.

Томас Муние и Единсон Кавани го напуштија клубот порано, додека Анхел Ди Марија е суспендиран за натпреварот против Аталанта.

И тука не е крајот на сите проблеми за ПСЖ. Имено, се појави бизарна ситуација во која тренерот Томас Тухел го повредил глуждот, но тоа нема да го спречи да присуствува на натпреварот.

Слични содржини