Веренички прстен за ќерката на Трамп во вредност од над милион долари: Еве кој е нејзиниот иден маж!

од Nikola Popovski

Тифани Трамп се вери минатата недела, а прстенот што го доби од нејзиниот иден сопруг сега се проценува на 1.200.000 долари.

Мајкл Було (23) не штедел кога станува збор за неговата вереница, а овој богат човек има многу интересна позадина. Роден е во државата Тексас, во градот Хјустон. Повеќето деловни активности на неговото семејство се наоѓаат во Нигерија. Неговиот татко е познат бизнисмен, Масад Було, кој меѓу другото е и голем поддржувач на Доналд Трамп (74), кој е воодушевен од нивната љубовна приказна и свршувачка и едвај чекаат на венчавката. Таткото на Мајкл исто така изјави дека Трамп е најдобриот американски претседател во поновата историја.

Мајкл Було завршил факултет во Лондон и сè додека не ја запознал Тифани, тој сакал да се забавува и да менува девојки и не останал долго со никоја од нив. Меѓутоа, кога ја запознал Тифани во 2018 година, сè се сменило. Тргнале да се забавуваат и сега уживаат како свршеници. Тој планира да ја преземе работата на неговиот татко затоа што неговите работи одат добро, за разлика од неговиот постар брат кој сака уметност.

Неговиот татко, Масад, е еден од водечките луѓе на групата Фадул. Роден е во Либан. Како млад студент, тој се оженил со Сара Фадул, ќерка на бизнисменот Зухар Фадул, која го запознала со семејниот бизнис. Мајката на Мајкл, Сара, во меѓувреме основала уметничка организација во Нигерија.

Слични содржини