Вергара изгледа неверојатно на прагот од шестата деценија

од Vladimir Zorba

Актерката Софија Вергара, иако е на прагот на својата шеста деценија од животот, важи за една од најубавите жени во светот. Во последните месеци, таа со задоволство се сеќава на своите изданија од претходните години, и им докажува на своите следбеници на Инстаграм дека времето навистина не може да и стори ништо и дека со годините станува се поубава.

Но, Софија повторно ги воодушеви своите обожаватели кога ја објави фотографијата во лежерно издание и без трошка шминка. Актерката позираше додека пиеше кафе во пижами, држејќи го своето куче во рацете.

„Време за кафе“, напиша таа.

Софија доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, а нејзините фанови и порачаа дека изгледа многу негувано и убаво.

Слични содржини