Верижен судир на 70 возила во Тексас: Најмалку пет лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку пет лица загинаа денеска во верижен судир на повеќе од 70 возила, а десетици луѓе беа повредени, на лизгав пат во Тексас, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба Форт Ворт соопшти дека нејзините членови оделе од автомобил до автомобил, од кои некои биле смачкани и им пружале помош на повредените, објави Ен-Би-Си.

Портпарол на локалната болница за Ен-Би-Си изјави дека по инцидентот се хоспитализирани 36 лица.

Слични содржини