Верстапен го нарече Хамилтон идиот и му покажа среден прст (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Атмосферата се вжештува пред финишот на сезоната во Формула 1 и тесната трка за титулата меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен.

До крајот на сезоната остануваат уште шест трки, а Верстапен има шест бода предност пред неделната трка за Големата награда на САД.

Искрите блеснаа веќе на вториот тренинг на патеката во Остин.

На излезот од последната кривина Хамилтон и Верстапен се најдоа еден до друг, а ниту еден не сакаше да се предаде.

Тие буквално се движеа тркало до тркало, а Хамилтон од кривината лезе пред ривалот, кој преку радио го нарече „глупав идиот“.

Според медиумите, Верстапен подоцна му покажал среден прст, а тоа го пријавиле челниците на Мерцедес и побарале казна за Холанѓанецот.

Двајцата возачи имаа неколку инциденти во текот на сезоната, а на почетокот на септември во Монца ја завршија трката така што Верстапен заврши врз Мерцедесот на Хамилтон во обид да создаде подобра позиција со неговиот Ред Бул.

Инаку, Мерцедес беше најбрз на првиот тренинг во Остин, додека на вториот најдобро време имаше Серхио Перез од Ред Бул.

Слични содржини