Адвокатот на Зоран Верушевски, Ангеле Илиевски, денеска за ТВ24 вести пренесе порака од неговиот клиент до јавноста во која што соопшти дека Верушевски стравува за својот живот и е бесен поради затворањето на сопругата Соња.

-Беше многу вознемирен и лут и рече „јас вистината ќе ја истерам на виделина ако не ми се случи она што му се случи на Никола Младенов. Ми рече дека Соња Верушевска, неговата сопруга, со ова нема никаква врска, вели адвокатот Илиевски кој утринава го посетил Верушевски во истражниот затвор во Шутка.

Слични содржини