Весела математика: Снопче му пресмета на Крмов дека со „тури-извади“ членови од Законот за државјанства, може да поднесе дури три милјарди амандмани

од desk4

Неколку часа, членовите на собраниската комисија, претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги отфрлаа амандманите поднесени на Законот за државјанство, од пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Предлагачот на амандманите Крмов не беше присутен на седницата на Комисијата за европски прашања за да ги образложи. За содржината на амандмните, реагираа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратеникот од Коалицијата Алијанса и Алтернатива, Халил Снопче. Спасовски рече дека амандманите не отфрла  затоа што се од опозицијата, туку затоа што се несодржајни.

– Образложението – „Зошто не ги прифаќам амандманите?“, е затоа што се бесмислени. Има амандмани со кои се бара бришење на членовите 1, 6 , 7 па 8. Со друг се бара бришење на членовите 2,4,7 па 9, итн. Целта на амандманите е да имаме тотална опструкција и деструкција во носењето на Законот за државјанства. Замислете да прифатите амандман или да предложите амандман, со кој се бара првиот член во Законт да не постои, а да постојат другите. Од тие причини не се прифаќаат амандманите а не затоа што се од опозицијата. Целта на амандманите е да имаме блокада, без притоа да има било каква инвентивност во креирањето на амандмани. Барем да има некаква логика во тоа што сакаат да е промени, рече Спасовски.

Пратеникот од Алијалнсата Халил Снопче рече, дека резултатот од простата математика што ја направил се три милјарди амандмани.

-Да ја смениме климата на работа. За амандманите на Крмов од Левица, направив математичка комбинаторика. Несериозни се амандманите, бидејќи тој, со ваква комбинаторика може да поднесе блиску три милјарди амандмани. Со правење на проста комбинација со членови од Законот за државјанства поднел 1 000 амандмани, рече Снопче.

На вториот ден од амандманската расправа на дневен ред не се најдоа шесте амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Комсијата за европски прашања Адеми, рече дека биле неуредни. Тој информираше дека во добиеното известување од претседателот на Собранието Талат Џафери пишувало дека амандамни вопшто нема да бидат доставени, бидејќи биле неуредни.

Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова, погрешно е тврдењето на претседателот на Комисијата за европски пршања Адеми, дека спикерот Џафери, според Деловникот има правен основ да ги отфрли амандманите поради неуредност.

– Единствениот член и став кој што зобруваат за амандманите се 150 став 3 во кој пишува дека се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма. Не може , ако постои со бледо „С“ пред Р. „Република С Македонија“ некој да ги отфрли амандманите. Тоа не е основ, а е наведена како единствена причина. Конвенциите не се директиви ниту регулативи, усогласување се врши само со директива и регулатива. Се покрена прашањето за апатридите. Да, но, има конвенција која вели дека не е добро да се стимулира или, да се има повеќе државјанства, и тоа треба да се обесхрабри. Натурализацијата овде го стимулира тоа. Прашањето за апатридите ќе поверував дека има добра волја за решавање, доколу се менуваше членот 7 – а од зкаонот кој директно се однесува на апатридите, рече Силјановска Давкова.

Комисијата за европски прашања не прифати ниту еден амандман за Предлог-законот за државјанство, кој ќе се најде на 47-та седница. За државјанствата ќе се расправа веднаш по завршувањто на расправата за ребалансот на буџетот.

Б.Т.

Слични содржини