Весели: Поголемиот дел од Рамковниот договор е реализиран, но тоа не е завршена работа

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник и еден од учесниците во креирањето на Охридскиот рамковен договор, Абдулади Весели за емисијата „Само вистина“ изјави дека со Договорот е придонесено да се создаде едно општество каде сите ќе бидат рамноправни во сите сфери на животот.

„Барем таја се заложуваше Рамковниот договор, иако во почетокот не бевме задоволно како учесници во креирањето. Меѓутоа, понатаму се создадоа услови за сите граѓани на Република Македонија да се чувствуваат дека се исти. Една група критичари не го прифаќаше тоа дека оваа држава е земја на сите граѓани“, смета Весели.

Тој додаде дека поголемиот дел од Рамковниот договор е реализиран, но дека тој не е завршена работа.

„Тој е рамковен и тоа значи дека рамката секогаш може да се надополнува. Тоа нема да биде во корист на едниот и како пораз за другиот, туку целта е граѓаните во оваа држава да бидат лојални на оваа земја“, вели Весели.

Слични содржини