Весковски: „Партизан“ ќе го вратиме на карпошани

од Берта Китинска

Во текот на утрешениот ден ќе биде потпишувањето на офицјалниот договор за изградба на салата Партизан во Карпош 4, со 80 милиони денари, пари обезбедени од државната сметка на владата, кажа Душко Весковски кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ во емисијата „24 анализа“.

– Овој спортски центар повторно ќе го вратиме на карпошани. Ветувањата кои ги имавме пред четири години на овој центар беа заглавени со правната процедура каде имаше прватен инвеститор, а подоцна вратен во државна сопственост. Општината немаше сретства сама да го изгради. Дополнителни 40 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на спортски базен. Големиот парк е биде наш прв проект реализиран до 2023 и со површина од 60 000 м2.- вели Весковски.

Тој најви нов голем парк за сите жители на Карпош со катчиња за возрасни и за деца.

Слични содржини