Весковски: Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија

од Nikola Popovski

Чест ми е да ве известам дека жителите на Општина Карпош, односно Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија која почнувајќи од понеделник, 25 октомври ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, рече денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски.

Според него, новата автобуска линија со број 29, ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно со почетна/крајна станица во Жданец, на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

-Карпош може и мора да продолжи напред со цел пресретнување на потребите на сите карпошани, додаде Весковски.

Слични содржини