Ветеринари ги покажаа последиците од нередовното миење заби на кучињата, ВИДЕОТО е шокантно

од Vladimir Zorba

Колку му ги четкате забите на вашето куче? Ако ги кренете рамениците на ова прашање, има видео што треба да го погледнете.

На профилот на TikTok на ветеринарните техничари Питер и Џејси, се појави вирално видео во кое тие ги отстрануваат влакната и храната од забите на 11-годишно куче. Прегледано е 3,9 милиони пати и собрало 1.500 коментари.

Некои изразија изненадување што кучињата воопшто треба да ги мијат забите, додека други се огорчени што сопствениците не се грижат за забната хигиена на нивните миленици.

„Време е да се воведе задолжителен курс за сопствениците на домашни миленици“, напиша едно лице.

„Ова е брутално“, рече друг.

„Имам кучиња 60 години и никогаш не сум видел такво нешто“, додаде трет.

@vet_techs_pj Do you brush your dogs teeth? I’m removing impacted hair and food from this 11 yr old dogs teeth. #vet #vetmed #vettech #dog #dogs #dogsoftiktok #teeth #dental #fyp #fy #fypシ #medical #vetlife #vettechlife #clean #educate #pet #hair #veterinarian #learn #satisfying #interesting ♬ Paris – Else

Според експертите, болеста на непцата е една од најчестите која ги погодува кучињата, со пријавена преваленца од најмалку 80 проценти кај кучињата постари од три години, пишува Newsweek.

По спроведеното истражување меѓу 65.000 сопственици на кучиња, откриено е дека секој четврти „искусил тешкотии при прегледување на забите на кучињата“, најмногу поради тоа што нивните кучиња не соработувале.

Утврдено е и дека едно од 12 кучиња имало проблеми со заболување на непцата.
Истражувачите заклучија дека резултатите „ја нагласуваат потребата за рутинска експертска проценка на пародонталното здравје, како и едукација на сопствениците на кучиња и обука на кучињата да прифатат процедури за стоматолошка нега“.

Слични содржини