Ветерни паркови во С. Македонија: колку се очекуваат во следните 5 години?

од Vladimir Zorba

Ветерниот парк „Богданци“ е прв ветерен парк во Северна Македонија со вкупна вредност од 76 милиони евра од кои 0,4 милиони евра грант обезбедени од ЕУ (преку ИРЗБ), 65,9 милиони евра заем од KfW развојна банка и 9,7 милиони евра придонес на корисникот. „Богданци“ е и првиот ветерен парк на Западен Балкан, кој поради големиот ветерен енергетски потенцијал, произведува околу 100 GWh годишно што е доволно за снабдување со енергија за повеќе од 16.000 домаќинства на југот на земјата, пишува „ГринЦивил“.

Ветерниот парк „Вирови“ беше најавен во октомври 2021 година како 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, како најголема гринфилд инвестиција од германската компанија „WPD“.

Според плановите на „WPD“, која работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори, проектот „Вирови“ треба да оди во три фази – во 2025, 2026 и 2027 година.

Во Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година се предвидува во 2040 година следните капацитети да бидат инсталирани во системот: постојни

– ТЕТО (290 MW) + нова капацитет на природен гас (450 MW)

– Хидро електрани вкупно 1570 – Постојни хидроелектрани (околу 700 MW), Чебрен (450 MW

според пред физибилити студијата на ЕСМ ова е најдоброто сценарио), Вадрарска Долина

(310 MW, Велес, Градец и мали), Глобочица II, Канал Теново- Козјак и мали хидро електрани

– Соларни електрани 750 MW

– Ветерни електрани 1400 MW

– Електрани на биогас (30 MW)

– Електрани на биомаса (15 MW)

Исто така, се планираат да се изградат уште два ветерни паркови во наредните пет години според стратегијата, кои треба да го подигнат вкупниот капацитет на Северна Македонија до 86 MW.

Повеќе на следниот линк!

Слични содржини