Ветерот во Скопје корне дрва, од градот апелираат граѓаните да се воздржат од излегување надвор

од Берта Китинска

Силно невреме вечерва го зафати Скопје со удари на ветар од над 100 километри на час.

По топлиот февруарски ден, силно невреме вечерва го зафати Скопје со удари на ветар од над 100 километри на час.Во делови од градот ветерот направи сериозни проблеми во сообраќајот , како што беше случајот во населбата Карпош 1, каде е паднато дрво врз автомобил.

Вечерва низ Скопје се очекува засилен ветер, дожд, а во раните утрински часови можна е појава и на снег. Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата.Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја, пишува во соопштението од Град Скопје.

Прогнозата на Управата на хидрометеоролошкиот завод е дека од вечерва временските прилики ќе се променат и дека ќе има и врнежи од дожд, кои во втората половина од ноќта ќе преминуваат во снег.

Слични содржини