Актуелно
Почетна / Сцена / Ѝ ветил на љубовницата дека ќе ја сака додека е жив! Џордан пред венчавката на позната глумица ѝ испратил емотивно љубовно писмо

Ѝ ветил на љубовницата дека ќе ја сака додека е жив! Џордан пред венчавката на позната глумица ѝ испратил емотивно љубовно писмо

Љубовното писмо од 20 страници, напишано од легендарниот Мајкл Џордан до актерката и манекенка Ејми Хантер во 1989 година, беше продадено во неделата на аукција за неверојатни 25.703 долари, пренесоа американските медиуми.

Писмото било напишано на листови хартија од хотел во Мичиген, каде престојувале Чикаго Булс додека се бореле со Детроит Пистонс за финалето на конференцијата во 1989 година.

Несомнено е дека писмото достигна неверојатна цена благодарение на документарецот „Последниот танц“, кој постигна неверојатен успех.

Писмото било напишано само два месеци пред закажаната венчавка со неговата прва сопруга Хуанита Ваној, со која веќе го имаше едногодишниот син, Џефри. Во содржината на писмото, Џордан ги наведува причините за прекинувањето на нивната љубовна романса.

„Ејми, понекогаш сум најсебична личност на светот затоа што една година размислував само за себе. Признавам дека направив грешка, но не можев да ја сменам мојата одлука. Ако ја променев, ќе имавме големи проблеми. Не би можеле да живееме со таков притисок“, напиша Џордан, додавајќи дека сè би било поинаку ако тој би бил обичен човек:

„Ејми, да бев Мајкл Џордан, обичен човек со работа од 9 до 17 часот, не би ми било тешко да ја признаам грешката. Сепак, јас сум Мајкл Џордан кој се смета за совршен пример на многу луѓе, не само на деца, туку на цели семејства. Не можеш ни да замислиш каква е таа одговорност! Да не го спомнувам бебето што го имам со дамата која ја сакам три и пол години. Ејми, секогаш ќе те сакам, сè до денот кога ќе умрам“, напишал Џордан.

loading...