Вето ќе имаше и да не го потпишевме Договорот со Бугарија, порача Димитров

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров смета дека доколку не го потпишевме Договорот за добрососедство со Бугарија, Бугарија повторно ќе ни ставеше вето на нашиот евроинтеграциски пат.

-Сигурно и уште поголеми шанси ќе беа за таква работа бидејќи без договорот ќе беше многу полесно и да се брани такво вето. Големата разлика меѓу Договорот со Бугарија и Грција е тоа што Преспанскиот договор го реши прашањето. Грција го прифати нашето право на самоопредувалње и се потпиша под македонски јазик. Само така беше можно да додадеме Северна кон нашата Македонија, за да има дистинкција меѓу нашата Македонија и нивната Македонија. Со сегашната ситуација, спорот стои и ќе стои се додека Бугарија го негира македонскиот идентитет и јазик, рече Димитров меѓу другото во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини