Вежба „Блесок 22“ на Криволак според строги стандарди и пред набљудувачи на НАТО

од Nikola Popovski

Денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, присуствуваше на успешно изведената вежба ,,Блесок 22″ на Армијата на Република Северна Македонија, што се одржа на армискиот полигон ,,Криволак”.

На вежбата беше прикажана подготвеноста во исполнување на единствените стандарди согласно целите на способност на НАТО на нашата армија.

Конкретно, како што порача министерката Славјанка Петровска на денешниот Ден за високи гости на армискиот полигон: „Професионалноста и посветеноста на Армија денеска доби уште еден печат – нашиот Лесен пешадиски баталјон е оценет како „борбено способен за извршување на својата мисија” според најстрогите НАТО стандарди под мониторинг на искусни набљудувачи од НАТО – Алијансата”.

Слични содржини