Вежби и храна за остро око

од desk2

За важноста на очите и видот сведочат и некои поговорки и изрази: “Око за око” , “Љубов на прв поглед” ,”Убавината е во окото на набљудувачот”. Сигурно можете да се сетите на уште некоја?

Добро е што неколку мали промени во животните навики се доволни да го зачувувате добриот вид во годините што следат.

Хранете се здраво

Со цел да го зачувате добриот вид и во зрелите години, започнете навреме да се грижите за себе.

Витамините А, Ц и Е и минералите од цинк и бакар се од суштинска важност за добриот вид. Антиоксидансите, вклучувајќи бета-каротин и лутеин, ја штитат макулата (жолта дамка) од оштетување што може го предизвика сонцето.

Што треба да јадете? Темно зелен лиснат зеленчук, жолчка, жолта пиперка, тиква, морков…

Научните истражувања покажаа дека конзумацијата на жолт и зелен зеленчук спречува оштетување на макулата предизвикана од стареење.

Храната богата со сулфур, цистеин и лецитин заштитува од катаракта. Одличен избор е лук и кромид.

Боровинки, лосос, скуша, бакалар и сардини, исто така, треба да бидат вклучени во исхраната, бидејќи содржат незаситени масни киселини, кои меѓу другото се добри и за очите.

Вежбајте ги очите

Овие едноставни вежби ќе ви помогнат да ги сочувате вашите очи и вид во добра состојба. Треба да ги правите наутро и навечер, но исто така и во текот на денот, кога ќе почувствувате замор на очите.

Ако вежбате секој ден, ќе се чувствувате подобро по еден месец.

“Стоплете” ги вашите очи. Загрејте ги дланките со триење една од друга, а потоа држете ги на очите пет секунди. Повторете три пати.

”Вртете” со вашите очи. Почнете да гледате нагоре, а потоа полека кружете со погледот десет пати во насока на стрелките на часовникот и десет пати во спротивна насока.

Вежбајте фокус

Земете молив, испружете ја раката и фокусирајте го вашиот поглед. Потоа полека приближувајте го моливот кон лицето одржувајќи фокус, а потоа вратете се во првобитната положба. Повторете го ова десет пати.

Масирајте ја областа околу очите. Со кружни потези масирајте ги слепоочниците. Направете 20 движења во една и 20 движења во друга насока. Истото повторете го и над веѓите, а потоа и од врвот на носот.

Направете пауза. Повлечете ја главата, затворете ги очите и одмарајте се три минути.

Намалете го негативното влијание од надворешната средина

Избегнувајте агресивно, прејако светло, ако работите на компјутер правете пет минути пауза на секој половина час, избегнувајте задимени просории, носете очила за сонце и можеби најважното не ги допирајте очите со валкани раце.

Слични содржини