Ви го претставуваме деталниот план за исхрана со кој пејачката Адел изгуби повеќе од 40 килограми

од Stefanija Kuzmanovska

Сè што треба да знаете за сиртфуд диетата, од нејзината научна позадина, благосостојба и ризици до план за исхрана

По објавувањето на уште една фотографија од нејзината чудесна трансформација, редно е да ја погледнеме уште еднаш нејзината диета, пренесува „Живим.хр“.

До неодамна слатката буцка изгуби повеќе од 40 килограми, како што самата вели, а нејзините фотографии во новото издание ги преплавија медиумите ширум светот и привлекоа внимание на оваа диета, за која интерес покажаа и многу други познати личности како Пипа Мидлтон и Џоди Кид. Освен зачудувачките резултати што ги постигна Адел, диетата стана толку популарна и затоа што дозволува, всушност дури и охрабрува, конзумирање на чоколадо и вино.

Што значи сиртфуд?

Станува збор за производи богати со активатори на ензимите на сиртуин, односно го поттикнува нивното формирање. Сиртуините се еден вид протеини што ги штитат клетките на нашето тело од умирање или од воспаление за време на заболувања.

Но истражувањата покажале дека сиртуините исто така можат да помогнат во регулирањето на метаболизмот, да ја зголемат мускулната маса и да согоруваат маснотии. Иако чоколадото и виното се она што најчесто се спомнува во врска со оваа диета и она што можеби привлече најмногу фанови, сигурно нема да изгубите тежина или да бидете поздрави ако ги додадете само овие два производа во вашето мени. Колку и да се богати со активатори на сиртуин, има цела низа други видови на производи кои треба да се најдат во вашата чинија или чаша.

Имено, сиртфуд диетата има за цел да го зголеми внесот на сите здрави производи богати со овие активатори, како јаболка, цитрусно овошје, магдонос, боровинки, зелен чај, соја, јагоди, куркума, маслиново масло и други. Љубителите на кофеинот ќе бидат воодушевени од фактот дека кафето е исто така богато со активатори на сиртуин.

Лажни ветувања или?

Диетата е креирана од познатите британски нутриционисти Аидан Гогинс и Глен Метен со цел да се осмисли режим на исхрана кој нема да се состои само во нагло и нездраво губење на тежината, туку ќе биде насочен кон промена на навиките за јадење што треба, покрај слабеењето, да го зајакнат и имунитетниот систем, обноват залихи на витамини и ќе бидат превенција за низа болести. Нивната книга The Sirtfood Diet во која тие ја предлагаат оваа диета како идеален начин за губење на тежината и подобрување на здравјето, се заснова врз основа на нивната пилот студија спроведена на 39 испитаници.

Во текот на една недела испитаниците се држеа со оваа диета и вежбаа секојдневно, по што тие во просек изгубиле околу 3,2 килограми и ја одржувале или зголемиле мускулната маса. Додека овие резултати звучат ветувачки, треба да се напомене дека тие не се објавени на друго место освен во нивната книга и не се особено уверливи бидејќи ограничувањето од 1000 калории и вежбањето во секој случај би довело до губење на тежината, без оглед на видот на диетата. Не е познато колку долгорочни се резултатите, со оглед дека тие не продолжиле да ги следат субјектите после првата недела за да проверат дали килограмите им се вратиле. Поради тоа, постои можност кога повторно ќе се зголеми внесот на калории, да дојде до враќање на килограмите.
Што вели науката за ефектот на сиртуинот

Производите промовирани во оваа диета се познати претходно по научно докажани здравствени придобивки: темното чоколадо го намалува ризикот од срцеви заболувања, зелениот чај го намалува ризикот од мозочен удар и дијабетес и го намалува крвниот притисок и слично. Од друга страна, истражувањата за придобивките од покаченото ниво на сиртуин во организмот досега се прелиминарни, но резултатите се ветувачки. На пример, истражувачите откриле дека зголеменото ниво на сирутин го продолжил животот кај габите, црвите и глувците, а едно истражување на глувци, исто така, покажало дека зголемените нивоа на сиртуин се поврзани со губење на маснотиите.

Тринеделен план

Диетата се состои од две фази и трае вкупно три недели. Потоа, можете да продолжите да ги одржувате резултатите со вклучување на што е можно повеќе производи богати со сиртуински активатори во исхраната.

– Прва фаза

Првата фаза трае седум дена и вклучува значително намалување на калории и консумирање на големи количини зелен сок. Целта е нагло да се поттикне губење на тежината, а се покажа дека во текот на овие први седум дена има загуба од нешто повеќе од три килограми. Првите три дена од оваа фаза, дозволени се само 1000 калории, се пијат три сиртфуд зелени сокови на ден и еден еден сиртфуд оброк. Можете да изберете од голем број на рецепти во кои главни состојки се т.н. сиртфуд производи. Од четвртиот до седмиот ден од првата фаза, внесот на калории се зголемува на 1.500, што вклучува консумирање 2 зелени сока и два оброка богати со сиртфуд производи.

– Втора фаза

Трае две недели, тоа е фаза на одржување, но сепак треба да продолжите да губите килограми за тоа време. Во оваа фаза нема ограничувања на калории, но треба да јадете 3 оброци богати со сиртфуд производи и еден сиртфуд зелен сок на ден.

– По завршувањето на диетата

Можете да ги повторите овие две фази онолку пати колку што сакате доколку се уште имате вишок на килограми. Во спротивно, идејата е да продолжите со правење на вашата вообичаена исхрана што е можно повеќе „сиртуинска“ со додавање на што е можно повеќе различни сиртфуд производи во сите ваши оброци. Исто така, се препорачува да продолжите да пиете една чаша сиртфуд зелен сок секој ден. Со тоа ќе направите вистинска промена во исхраната и ќе постигнете далеку подобри резултати отколку само со еднократно спроведување на диетата.

20 најмоќни сиртфуд производи

Кељ

Црвено вино

Јагоди

Кромид

Соја

Магдонос

Маслиново масло

Темно чоколадо (85 проценти какао)

Зелен чај

Хељда

Куркума

Ореви

Рукола

Чили пиперчиња

Црвена цикорија

Боровинки

Кафе

Ловаж

Урми

Капари

 

Слични содржини