Viber го слави својот 10-ти роденден и им подари на корисниците нова опција

од Stefanija Kuzmanovska

Viber најавува воведување на функцијата за плаќање во чет-ботови, со што оваа популарна апликација за допишување влегува во областа на финансиските технологии.

Во иднина, корисниците на Viber ќе можат да ја користат оваа апликација за плаќање преку платформите Google Pay и Apple Pay, директно преку нивните чет-ботови.

Ако банката на корисникот на Viber тоа го поддржува, корисникот треба да го додаде својот број на кредитна или дебитна картичка на неговата сметка на Google Pay или Apple Pay. После тоа, опцијата за плаќање станува достапна за чет-ботови креирани во апликацијата Viber.

Сите доверливи податоци што се користат при плаќањето се криптирани и недостапни за чет-ботовите, Viber или која било трета страна.

Функцијата за плаќање од апликацијата Viber најпрво ќе биде активирана за корисниците во Украина, која е избрана за прва, додека почетокот на апликацијата во другите земји е закажан за 2021 година.

loading...

Слични содржини