Очевидци на пукањето во Мукачево прикачиле во мрежата клипови, на кои се гледа како во градот почнуваат крвавите настани од 11 јули. Конкретно, има видео на кое добро вооружени борци на “Десен сектор” блокираат улица, на која се наоѓаат ресторанот “Змеј” и спортскиот комплекс “Антарес”, сопственост на пратеникот Михаил Лано. Токму таму избувна првата престрелка.hqdefault.jpg38

Исто има видео направено кога колона борци со џипови ја пробива блокадата од автомобили на МВР на патот Киев-Чоп. На видеото се гледа како борците на “Десен сектор” пукаат со митралез по полициските автомобили.

Лидерот на “Десен сектор” Дмитриј Јарош ги коментираше настаните во Закарпатието, каде вчера имаше вооружен судир со учество на “Десенсектор”. Според Јарош е потребно да бидат приведени сите учесници во конфликтот, вклучувајќи ги и полицајците.

На профилот на Фејсбук лидерот на националистите напиша дека ова треба да се направи за да “се стабилизира ситуацијата и да не се дозволат нови крвопролевања”.

Украински медиуми објавија за апсењето на еден од учесниците во вооружениот конфликт во Мукачево. За осомничениот е познато дека тој пристигнал од Николаевската област, и има 18 години. Приведен е во приградски хотел. Имал оружје.

По наредба на обвинителството вработените во Службата за безбедност на Украина и МВР се подготвени да ги разоружаат блокираните борци во Закарпатието на “Десен сектор”. “Овие криминалци убиле едно и повредиле четири граѓански лица. Повредени се шестмина припадници на органите на редот, a едниот е во тешка состојба, се вели во пораката на украинските власти. Со митралези и гранати се уништени три полициски автомобили. Од украинските органи на редот, исто ветуваат дека сите приведени активисти во врска со пукањето на “Десен сектор” ќе бидат однесени во Киев за објективна и непристрасна истрага.  Во меѓувреме борците од ” Десен сектор ” ја раскажаа својата верзија за престрелката во Мукачево.

Слични содржини