(ВИДЕО) 1ТВ во Унгарија по трагата на Груевски: Преспал во хотелот „Коринтија“, вечерва е во вилата на Орбан

од desk4

Екипата на 1ТВ е на пат кон Будимпешта по трагата на побегнатиот екс премиер Никола Груевски. Тргнаа по непотврдени информации за тоа каде се наоѓа, а нешто по 18 часот, како што објаснува новинарката Кристина Атовска, кога заедно со снимателот излегувале од Скопје, ја добиле информација од МНР и МВР дека Груевски е навистина на унгарска територија.

Тој и самиот објави дека ќе бара азил во Унгарија, но како што претходно рече преку линковско јавување во Студио 1 претседателот на Кривичен Иван Џолев, нема основа за тоа, особено ако причина се заканите по неговиот живот.

ВОНРЕДНО СТУДИО

Публикувахте от 1tv.mk в Вторник, 13 ноември 2018 г.

 

 

ВОНРЕДНО СТУДИО

Posted by 1tv.mk on Вторник, 13 ноември 2018

Новинарката Атовска најавува дека во текот на утрешниот ден екипата ќе ги посети сите места каде што би можел да биде Груевски со помош на информаторите од Будимпешта, од кои дознале дека една вечер преспал во хотелот „Коринтија“.

Таа во второ јавување рече дека според изворите на 1ТВ од Унгарија, Груевски синоќа  не бил во хотел туку во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Проценките се дека кога ќе се побара политички азил, се додека домицилните органи не одобрат, барателот, кој и да е, ако се придржува Унгарија до Европската Конвенција, треба да биде изолиран во домашен притвор, а не да шета како слободен граѓанин.

Претходно, унгарските служби на новинарско прашање изјавија дека не даваат коментар додека не завршат сите постапки, со што индиректно потврдија дека Груевски побарал азил.

Се поставува прашањето дали е достапен за македонското дипломатско претставништво, а Груевски го бара и Интерпол, затоа што   по него има распишано меѓународна потерница. Случајот го отвори и прашањето со чија помош поминал низ Србија до Унгарија./Либертас

 

Слични содржини