(ВИДЕО) 24 Вести во Гевгелија – бегалците се побројни во прифатните центри

од Vladimir Zorba

Жени, деца , семејства… Ваква беше сликата во привремениот транзитен центар за бегалци во Гевгелија, пренесува 24 Вести.


Од Сирија, Авганистан, Пакистан велат тргнале да го бараат мирот и спокојството во некои од европските земји поради лошата политичка и безбедносна ситуација во нивните земји, но и поради подобри услови за живот. Велат Македонија ја гледаат само како транзитна дестинација.

„Доаѓам од Сирија. Во местото каде што живеев е се разрушено и уништено. Дојдоа ИСИС и разрушија се. Знаеме дека ако дојдеме во Европа ќе бидеме побезбедни и животот е многу подобар“, вели еден од бегалците.

„Сакам да одам во Австрија, бидејќи животот и општеството е подобро. Во Авганистан е војна затоа одам во друга  земја, подобра земја“, вели друг.

Екипите кои работат на терен пак велат дека во просек дневно овде има и по 600 дечиња а се работи на подобрување на условите поради зимскиот период кој што следува.

Според информациите на терен во периодот кој што следува особено поради актуелните случувања во Сирија се очекува бројот на бегалци и мигранти вкупно да достигне дневно во просек и по десет илјади, во пресрет на зимата активистите очекуваат подобрување на условите во прифатните центри.

loading...

Слични содржини