ВИДЕО: 26 лица повредени во превртениот македонски автобус во Србија

од Aleksandar Todeski

Две лица се тешко, а 24 полесно повредени во превртениот македонски автобус на автопатот Прокупље-Блаце, кој превезувал патници до Копаоник.

Фото: Курир.рс

Според спрските медиуми, автобусот се превртел утрово кај месноста Крива Ќуприја, меѓу Блаце и Белољина. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје, а двете лица кои се тешко повредени и се пренесени во болницата во Прокупље.

„Информираме дека утринава се случи сообраќајна несреќа на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник. Во несреќата се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље. Според првични информации од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените. Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш. Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија-Полиција Блаце сме информирани дека сѐ уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител“, велат од МНР.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

Слични содржини