(ВИДЕО) 360˚ Пендаровски: Во процесот за „Диво Насеље“ не се опфатени луѓето коишто дадоа наредба тоа да се направи

од desk4

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за настаните од „Диво Насеље“ и судскиот процес за овој случај.

– Моите информации се дека во тековниот процес за Диво Насеље не се зафатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните. Значи, зафатени се… дали баш сите до еден, не навлегувам во тоа… меѓутоа, зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се опфатени луѓето коишто дадоа наредба тоа да се направи, бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа, и луѓето кои спроведуваа одредени претходни подготовки тој настан да се случи, и тие се случуваа на територијата на Косово и на територијата на јужна Србија – рече Пендаровски.

Тој зборуваше и за ветувањето на владејачката коалиција за меѓународна истрага велејќи дека тој на координации пред избори инсистирал на меѓународна правна помош.

– Не знам зошто тоа досега не е направено. Тоа не е прашање за мене да го одговорам, меѓутоа и мене ме интересираше, затоа што, тврдам, дека случај кој има меѓународен аспект, а три држави се инволвирани, би било добро да се одработи со заедничка меѓународна акција. Јас апелирам до надлежните органи, да побараат помош – рече Пендаровски.

Докторите ја кријат вистината! Лесно ослободете се од брчките!

Слични содржини