(ВИДЕО) Ана измами половина Њујорк, беше во затвор, а сега „танцува со ѕвездите“

од Milan1
49 прегледи

Ана Сорокин, измамничката позната и како Ана Делви и жената по која е снимена серија на Нетфликс „Inventing Ana“, го привлече вниманието со својот танцов настап во првата епизода од новата сезона на американското шоу „Танц со ѕвездите“.

Девојката која успеа да убеди многу познати личности дека е ќерка на нафтен тајкун кој „тежи“ речиси 70 милиони долари, танцуваше во придружба на професионалниот танчер Езре Сосе.

Покрај танцовите движења, многумина забележаа дека Ана на телевизиското шоу доаѓа со затворска „наногица“ околу глуждот, кој за оваа пригода беше украсен со кристали.

Ана Делви е родена во Русија како Ана Сорокин во 1991 година. Кога имала 16 години, се преселила во Германија, подоцна во Лондон, Париз, а потоа во Њујорк. Таа со години се преправала дека е германска благородничка и на тој начин ја измамила њујоршката елита и се издигнала во нивните кругови.

Набрзо почнала да живее во луксуз, но по откривањето на измамата завршила во затвор. Во 2019 година, Ана беше осудена за голема кражба во Њујорк и требаше да оди во затвор на 12 години. Таа беше пуштена предвреме поради добро однесување, но беше повторно уапсена само шест недели подоцна. Во 2019 година, Делви беше осудена по осум обвиненија, вклучително и големо кражба. Инаку, таа успеала да измами банки и луксузни хотели и да им земе повеќе од 200.000 долари. Таа исто така беше осудена за обид за голема кражба откако се обидела со измама да добие банкарски заем од 22 милиони долари.

Таа беше ослободена поради добро однесување во февруари 2021 година и повторно беше приведена од страна на американската имиграција и царина само еден месец подоцна. Потоа била сместена во воспитно-поправен дом, а во 2022 година била пуштена со кауција. Сега во домашен притвор, неодамна и беше дозволено слободно да шета во Њујорк, но сепак мора да носи затворски „нанолег“.

Таа со задоволство ја прифати поканата да учествува во „Танц со ѕвездите“ (во кој се натпреварува со актерот Ерик Робертс, гимнастичарот Стивен Недорошик, кошаркарот Двајт Хауард, актерката Тори Спелинг…), со коментар:

„Што е најлошото што може да се случи? Па, нема да ме уапсат за лошо танцување“, изјави Ана, која судејќи по поените не го воодушеви жирито, но привлече големо внимание кај публиката.

Слични содржини