Истражните органи кои ќе ги испитуваат причините за авионската несреќа кај Кожле ќе имаат доста тешка работа, вели за 24 Вести воениот пилот во пензија, Небојша Антиќ. Според него најверојатно се работи за човечки фактор, но напоменува дека ќе треба здружена истрага на Македонија, Италија и Германија да покаже што навистина се случило.