(ВИДЕО) Бизарниот автогол што ја однесе Хрватска на Мундијалот

од Nikola Popovski

Со победата од 1-0 над Русија на „Пољуд“, хрватските фудбалери успеаја да се пласираат на Светското првенство во Катар. За да им биде сè потрагично на Русите, нивниот дефанзивец си постигна бизарен автогол кој ги чинеше директно патување на Светското првенство.

На осум минути пред крајот на 49. настап за „Зборнаја“, Федор Кудрјашов на тешкиот терен, полн со вода и кал, направи грешка која ќе го прогонува.

Во самиот финиш на последното коло од групата при резултат 0:0, кој и гарантираше директен билет на Русија за Катар, Кудрјашов лошо ја зафати топката пред својот гол и ја испрати зад грбот на Сафонов.

На тој начин тој ја однесе својата селекција во најтешкиот бараж на сите времиња.

Слични содржини