Почна собраниската дебата за буџетот за 2016 година. Министерот за финансии Ставревски реше дека буџетот има три значајни карактеристики – намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто за оваа година на 3,2 отсто од бруто домашниот производ за идната, зголемување на капиталните инвестиции на историски највисоко ниво и продолжување на грижата за социјално ранливите категории-пренесе РСЕ.

gruevski-stavrevski11-620x568

И овој буџет, како и сите претходни што ги предложивте, има само една константа – да расте сè повеќе и повеќе, реплицираше претседателот на комисијата, пратеникот од СДСМ Маријанчо Николов.

„Тоа чоколадо коешто сакате да го соберете во форма на буџетот за 2016 година не можат да го зготват ниту граѓаните, ниту стопанството, меѓутоа вие го имате волшебното стапче или состојка којашто се вика земи си кредит. Затоа буџетот за 2016 година е нереален, неразвоен, буџет којшто длабоко ја пика раката на владата во џебот на граѓаните за да извлече што повеќе пари, длабоко ја пика раката во сметките на компаниите за да им земе што повеќе пари“, рече Николов.
Министерот рече и дека наредната година ќе продолжеле со капиталните инвестиции, поддршката на стопанството, локалните самоуправи и здравството, зголемувањето на пензиите и други работи, по што реплицираше Николов и дебатата повторно се врати на транзицискиот период и кој е виновен за него.

„Тоа што му се случува на СДСМ е класична загуба на кредибилитет на таа партија поради хипокризијата и таквиот пристап кон граѓаните. Можете како сакате да ја формулирате реченицата, но граѓаните нè следат нас и вас што работиме, а не што зборуваме“, рече Ставрески.

„Во однос на приватизацијата, сакам еве да се договориме да не застаруваат делата од приватизацијата, да престанеме со таа тема. Во мојот град сите фабрики ги затворивте од 1998 до 2002 година и десет илјади луѓе останаа на улица. Сега, пред една година, дополнително се затворија Жито Вардар и Киро Ќучук, уште 1.000 луѓе на улица. Кој ги затвори тие? Колку вие сте учествувале како партија, толку учествувала и СДСМ во приватизацијата“, рече Николов.

Слични содржини