ВИДЕО: Ден по вчерашните тензични протести пред Собрание

од Берта Китинска

Искршени стакла од просториите на Министерството за надворешни работи и Собранието по вчерашниот протест.

Демонстрантите што по четврти ден се собраа пред Владата, за да протестираат против францускиот предлог,од владата се упатија пред зградата на МНР.

Откако пристигнаа пред мминистерството, демонстрантите фрлаа со јајца и камења кон зградата, а се запалија и неколку пиротехнички средства и факели.

Утрово и спикерот Талат Џафери објави видео во кое се гледаат штети направени од протестот

-Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение, напиша Џафери.

Слични содржини